Бајден поништи одлука на Трамп, дава 235 милиони на Палестина

од Vladimir Zorba

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да издвои 235 милиони долари за помош на Палестинците, со цел да се започне повторно со финансирање на Агенцијата на ООН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и друга помош што ја откажа поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Стејт департментот се очекува да претстави пакет хуманитарна, економска и безбедносна помош, како дел од напорите за подобрување на односите на САД со Палестинците.

Помагањето на Палестинците ќе биде најзначајниот потег на Џо Бајден од стапувањето на должноста претседател на Соединетите држави на 20 јануари, особено ако се земе предвид фактот дека пристапот на претходната администрација се оценува како пристрасност кон Израел.

Планирано е да им се помогне на Палестинците со 150 милиони долари за УНРВА и да се издвојат 75 и 10 милиони долари, соодветно, за економска поддршка и финансирање на развојот.

Соединетите држави издвоија 365 милиони долари за Агенцијата во 2017 година.

Слични содржини