Во сезоната на вирусите лекарите препорачуваат избегнување на бакнежите, особено ако сте болни. Едно истражување покажува дека бакнеж во рамките на 10 секунди е еднаков на размена на 80 милиони бактерии помеѓу вас и вашиот партнер.3db9ba92f5feb927ae4aafbf0fc2d7f4

Научниците од Холандија издаваат, дека луѓето кои се бакнуваат со јазикот по 9 и повеќе пати на ден се повеќе загрозени да го зголемат количеството бактерии во нивното тело од оние кои се милуваат со галење.

А сепак и покрај импресивната бројка, не е потребно да се доведете во паника, освен ако веќе не сте фатиле некои од непријатните вируси и грипови карактеристични за зимата. Ако сте во добра здравствена состојба, бактериите кои најчесто си ги разменувате со партнерот се стрептококи, а тие се безопасни за вас, категоричен е д-р Ремко Кортни, шеф на истражувањето.

Бактериите кои се задржуваат во устата исто така имаат своја корист. Тие можат да ве заштитат од нивни посестри кои водат до болести. Колку се поразлични, толку повеќе отпор создаваат кон штетните бактерии.

Слични содржини