Баку и Ереван се договорија за ново примирје

од Vladimir Zorba

Азербејџан и Ерменија по трет пат постигнаа договор за хуманитарно примирје во војната околу регионот Нагорно Карабах.

Групата од Минск најави нов состанок за 29 октомври.

Хуманитарното примирје ќе стапи на сила во понеделник наутро, се вели во заедничкото соопштение на Стејт департментот и владите на Азербејџан и Ерменија, пренесува Ројтерс.

Специјалното соопштение од групата Минск, предводено од Франција, Русија и САД и која посредува во разговорите Баку-Ереван, објави дека ко-претседателите и министрите за надворешни работи на групата повторно ќе се состанат на 29 октомври за да разговараат за прашањето за Нагорно Карабах.

Слични содржини