Барселона го тужи Атлетико Мадрид поради позајмицата на Гризман

од Nikola Popovski

Барселона смета дека Атлетико Мадрид го прекршува договорот околу позајмицата на Антоан Гризман и затоа подготвува тужба за да добие 40 милиони евра.

Французинот минатата сезона се врати во Атлетико на двегодишна позајмица, со задолжително право на откуп на договорот за 40 милиони евра, доколку се исполнат одредени услови.

Барселона смета дека Гризман одиграл 80 отсто од натпреварите на Атлетико Мадрид, што е за 30 отсто повеќе од договорот, но има една нејаснотија.

Челниците на Атлетико се повикуваат на условот од минимум 30 минути поминати на теренот за да се исполни условот за одигран натпревар, а Гризман сезонава добива максимални 29 минути по натпревар.

Французинот оваа сезона дојде од клупата на четири натпревари во Примера, со просек од 27 минути по натпревар.

Сепак малата минутажа не го спречува да постигнува голови, па во новата сезона двапати се запиша во листата на стрелците.

Слични содржини