Барселона може да ја повлече „десетката“ на Меси само под еден услов

од Stefanija Kuzmanovska

Барселона не можеше да го задржи Лионел Меси, а се чини дека нема да може да го повлече дресот со бројот 10. Поточно, каталонскиот клуб може да го стори тоа, но поради правилата на шпанската Ла Лига, тие би требало да се откажaт од регистрација на еден играч.

Имено, според правилата на шпанската Ла Лига, клубовите мора да регистрираат 25 играчи за сезоната и да им доделат бројки од 1 до 25. Голманите носат броеви 1, 13 или 25, додека во ретки прилики резервните играчи префрлени во првиот тим можат да добијат броеви на дресови од 26 до 50.

Што значи дека ако Барселона ја повлече „десетката“ на Меси, ќе мора да го жртвува местото на еден играч во својот тим за следната сезона, и со оглед на ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот клуб, тоа најверојатно нема да се случи.

Слични содржини