Барселона: Сетиен останува тренер и следната сезона

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот Кике Сетиен ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона, изјави првиот човек на каталонскиот клуб, Пеп Марија Бартомеу.

– Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Неговата намера е да остане тренер и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до потпишаниот договор, изјави Бартомеу за шпанските медиуми.

Сетиен го замени Ернесто Валверде на клупата на Барселона во јануари, но игрите и резултатите на тимот не ги исполнија очекувањата на навивачите.

Барселона моментно е на втората позиција на табелата со еден бод помалку од најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој има натпревар помалку, додека Каталонците во Лигата на шампионите очекуваат реванш од осминафиналето против Наполи.

Слични содржини