Бебе Реџа удрена по глава со телефон за време на настап, се струполи на сцената (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Блета Реџа, попозната како Бебе Реџа, одржа настап во Њујорк, а за време на истиот се случи инцидент.

Имено, пејачката играше и пееше на сцената, а во еден момент тргна кон публиката.

Меѓутоа, тогаш кон неа бил фрлен мобилен телефон и ја удрил во главата. Таа се обидела да продолжи да пее, но паднала на колена држејќи се за глава, а соработниците дошле да ѝ помогнат.

Ова налути многу фанови на пејачката кои на социјалните мрежи коментираа дека „нечиј непромислен потег можел да предизвика многу поголеми последици“.

Мајката на пејачката со албанско потекло подоцна за странските медиуми изјави дека нејзината ќерка е добро, но дека поради инцидентот имала три конци на главата.

Слични содржини