БЕЈЛ ПРОДОЛЖУВА ПО СТАРО: Игра за Велс, но не за Реал!

од Vladimir Zorba

Тренерот во Реал се смени, но Герет Бејл продолжи да тера како и досега.

Велшанецот е без натпревар откако се врати од последната репрезентативна пауза, а одлуката на Карло Анчелоти дополнително крена прашина.

Бејл не е во составот за мечот со Шахтјор од Лигата на шампионите, но ќе настапи уредно за репрезентацијата на Велс.

– Посветен е на работата, ако целосно закрепне, одлично е да игра за Велс, да добива минутажа и потоа да го имаме на располагање по паузата – даде малку чудна изјава Анџелоти.

Оваа изјава не остана незабележана од новинарот Хави Херез.

– Не разбирам, па тренира за Реал и игра за Велс – прашува.

Хулио Пуљидо го имаше истиот тон.

– Самиот Анџелоти не верува во тоа што го кажа, тој изгледа го правда човекот кој им се смее на соиграчите и на клубот што го плаќа. Можеби тренерот треба да размисли како се чувствуваат другите играчи – изјави новинарот.

Раководството на Реал станува нетрпеливо за Бејл, кој продолжува како и досега, а притоа не игра.

Бејл е еден од најплатените играчи на денешницата, со годишна плата од 17.000.000 евра.

Слични содржини