Беќаровски: Медицинските сестри се вистинските ХЕРОИНИ во оваа војна

од Nikola Popovski

Во изминативе 450 дена, имаше мои колеги доктори кои наоѓаа разни изговори да избегаат од првата линија на фронтот, но не знам за ниту една МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, која дезертираше. Затоа, со најдлабока почит, ВИЕ сте вистинските ХЕРОИНИ во оваа војна, објави докторот и поранешен директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски.

Тој им го честиташе 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри.

„Вечен спомен за сите МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, кои храбро и беспоштедно го жртвуваа својот живот, а на сите останати ЧЕСТИТ ПРАЗНИК. Покажавте и докажавте дека сте вистинскиот ‘рбет на здравствениот систем, а организам со здрав ‘рбет може да се искачува кон врвот“, стои во објавата на Фејсбук.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денес се сретна со медицинските сестри вработени на КИБФС во Скопје, искажувајќи ја искажа својата благодарност за целокупниот придонес во текот на пандемијата при посетата на медицинските сестри вработени во КИБФС.

„Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи“, истакна министерот Филипче.

Слични содржини