Бектеши ги добил „контактите и позициите“ на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на поевтини енергенси

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ги добил контактите и позиции на ВМРО-ДПМНЕ, за набавка на поевтини енергенси. Се очекува „лицето за контакт“, како што премиерот Димитар Ковачевски го посочи Бектеши, да ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ги исполниле своите обврски.

-Предадени се контактите и договорени се средбите по кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, истакнаа од најголемата опозициска партија.

Меѓу предлозите кои ги претставило ВМРО-ДПМНЕ во Владата е да се обезбеди енергенс за работа на ТЦ Неготино по цени поевтини од берзанските, а струјата што ќе се произведе да се даде на стопанството, за да се зачуваат работни места.

Предлагаат и да се обезбедат ресурси за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје. Електричната енергија ќе ја користат граѓаните и индустријата на регулираниот пазар, а топлината оние корисници кои ги плаќаат своите сметки во БЕГ.

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски вчера со својот тим имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски и владиниот тим во врска со планот за излез од економската криза.

Слични содржини