Бектеши: Македонија е прва на Западен Балкан во целосната зелена енергетска трансформација

од Nikola Popovski

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Како држава-кандидат за полноправно членство во Европската унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување на сериозни реформи во економскиот сектор од кои особено значење за има енергетиката, а како членка Енергетската заедница ја следиме енегетската политика на ЕУ со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.

Министерот во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

„За овие наши активности Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја на Западен Балкан што го стори сето тоа“ кажа министерот Бектеши.

Слични содржини