Бектеши: Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб и масло

од Destan Jonuzi

Во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на прес-конференција во Владата.

-Со министерот Бесими креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на освните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември, напомена Бектеши.

Според него, целта е да се намали цената на инптутите за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.

Слични содржини