Бектеши: Сериозен сум во намерата да ги укинеме увозните давачки

од Берта Китинска

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека е повеќе од сериозен во намерата против нереално високите цени на одредени прехранбени производи да се бори и со укинување на увозните давачки.

„Јас сум повеќе од сериозен и таква одлука за одредени прехранбени производи веќе донесовме, за млеко и павлака, и сигурно може да се случи списокот на производи да се зголеми и што се однесува на укинување на даноците, но истовремено што се однесува на маржите или целосно замрзнување на некои од цените и со тоа компаниите да конкурираат меѓу нив, но и со производи кои доаѓаат од надвор“,рече Бектеши во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Слични содржини