Бектеши: Сопствениците на „Привилиџ“ ќе одговараат согласно законите

од Nikola Popovski

Во однос на локалот кој немал лиценца за дејност, ние отворено и транспарентно кажавме за тоа, иако не беше наша надлежност. Тоа е одлука на инспекторатите. Сопствениците ќе одговараат согласно законите. Го известивме МВР дека локалот дека не поседува лиценца и сега надлежните институции треба да постапат. Сакам да ги повикам сите институции да го направат тоа. Утврдено е што значи ноќен клуб, што е кабаре, а што кафуле. Си има различни лиценци, вели министерот за економија, Крешник Бектеши околу ноќниот клуб „Привилиџ“, пред кој се случи убиството на ракометарот Денис Тот.

Бектеши појаснува дека Државниот пазарен инспекторат ги презел сите мерки.

– И управителот и сопствениците ќе одговараат согласно законските одредби, потенцира Бектеши.

Слични содржини