Бектеши: Угостителите да не ги отпуштаат работниците, ќе добијат помош во форма на грант

од Nikola Popovski

„Веќе подготвуваме соодветни мерки за да им излеземе во пресрет на угостителите. Јас го поздравувам денешното соопштение на Синдикатот за да ги повика работниците да не ги потпишуваат бланко-спогодбените договори за отпуштање од работа“, вели министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Според него, угостителите да не ги отпуштаат работниците и да причекаат до почетокот на наредната недела, за да можат да ги усвојат законите од петтиот сет мерки, во кои се предвидува исплата на плати за работниците.

„Ќе има дополнителна помош во форма на субвенца или грант што се однесува за поддршка на угостителите и секторот туризам, вклучувајќи ги и хотелските објекти во нашата држава. Веќе е направен моделот за начинот на кој ќе бидат поддржани, ќе земат во предвид првите месеци од 2021-та година согласно приходите што тие ги имале и еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на грантови кои ќе бидат неповратни средства и се очекува наредната недела да ги објавиме мерките“, рече Бектеши.

Слични содржини