Бен Афлек и Џенифер Лопез сè уште се во контакт?

од Elena Daskalova

Бен Афлек и Џенифер Лопез беа еден од најпознатите холивудски парови и први го започнаа трендот со прекарите, добивајќи го „Бенифер“. Врската ја раскинаа во 2004 година.

Иако потоа нивните животи се развиваа во сосема различни правци, Афлек открива дека за Џеј Ло има да каже само најдобри зборови и дека многу ја почитува. Тој неодамна откри дека сè уште контактираат, а ја пофалил и нејзината улога во „Hustlers“.

Бен и Џенифер се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“. Афлек ја запроси во ноември 2002 година, но парот ја откажа свадбената церемонија во септември 2003 година, само еден ден пред таа да се одржи. Тие раскинаа во 2004 година. Тогаш изјавија дека медиумското влијание било претешко за нив.

– Ние не сакавме да имаме јавна врска. Се случи да почнеме да се забавуваме во моментот кога настанаа таблоидите. Не знаевме за тој притисок, ниту пак претпоставуваме дека може да биде толку силен – изјави Лопез во 2016 година во интервјуто за „Extra“.

Слични содржини