Бензема израмни рекорд на Роналдо

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ја продолжува својата неверојатна сезона. Французинот погоди од пенал и донесе успех со 3:1 над Манчестер Сити во реваншот меѓу двата тима од полуфиналето на Лигата на шампионите.

На овој начин го израмни рекордот на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, веќе со 10 гола во една сезона во елиминациската фаза од турнирот, колку што забележа Португалецот во сезоната 2016/17.

Сепак, Бензема ќе има шанса дури и да го подобри својот настап во финалето против Ливерпул.

Дополнително, Бензема има 15 гола во овогодинешното издание на Лигата на шампионите, ако се бројат неговите голови во групната фаза. Така тој е на само 2 гола од рекордот на Роналдо од споменатата сезона 2016/17 кога постигна 17.

Слични содржини