Берин Мухамед е новиот лидер на Сојузот на средношколци

од Stefanija Kuzmanovska

Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Македонија. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот на средношколци на Македонија.

Мухамед освои 54 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка Ива Трпески освои 46 отсто. И двајцата досега беа дел од Извршниот одбор на Сојузот.

Мухамед по победата ја покани Трпески да биде потпретседателка, а таа рече дека изборот бил организиран на демократски начин и дека Сојузот на средношколци, како што рече, е целосно сплотен.

Досегашниот лидер Лука Павиќевиќ соопшти дека на Конгресот учествувале повеќе делегати од територијата на цела држава со опфат на сите статистички региони.

Слични содржини