Берлин: Ќе вакцинираме по 4.000 луѓе на ден

од Stefanija Kuzmanovska

Берлин има намера да отвори шест големи центри за вакцинација што е можно поскоро, од кои секој може да прими по 4.000 луѓе на ден во средината на декември, изјави координаторот на проектот Албрехт Бреме за „Ројтерс“.

Празната саемска зграда, два аеродромски терминали, концертна сала и лизгалиште ќе бидат претворени во здравствени центри, каде 900.000 луѓе ќе бидат вакцинирани во првите три месеци.

„Координаторот на планот рече дека Берлин работи на претпоставка дека околу 80 проценти од првите дози на вакцината ќе доаѓаат од Pfizer / BioNTech, а 20 проценти од AstraZeneca.

Министерот за здравство Јенс Спан изјави дека Германија обезбедила околу 300 милиони дози вакцини и дека другите центри за вакцинација ќе бидат подготвени во втората половина на декември, а мобилните тимови прво ќе го вакцинираат најранливиот дел од населението.

Се очекува секоја личност да помине во просек околу еден час во центарот, а луѓето ќе бидат под надзор 30 минути по приемот на вакцината.

Слични содржини