БЕСА и официјално излезе од Владата

од Nikola Popovski

Партијата БЕСА и официјално не е повеќе дел од владата, откако денеска во Собранието беа констатирани оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура.

Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани.

Нивните места најверојатно нема да се пополнуваат во наредниот период додека не завршат внатрепартиските избори во СДСМ.

На дневен ред на денешната пленарна седница беа повеќе точки, меѓу кои и Предлог-буџетот за 2022 година.

Денешната собраниска седница е првата по неуспешниот обид да се изгласа недоверба на Владата.

Слични содржини