Бесплатни ПЦР-тестови за туристи во Црна Гора

од Берта Китинска

Од денес PCR-тестот во Црна Гора ќе биде бесплатен за сите туристи на кои им е потребен да се вратат во матичните земји, соопшти Министерството за здравство.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, претходно изјави дека на сметка на државата е обезбедено болничко лекување за сите туристи кои за време на престојот во Црна Гора ќе  се заразат со ковид 19.

До 20 мај ќе бидат на сила нови, полиберални мерки со кои ќе се укине забраната за сообраќај на долги релации за време на викендите и полицискиот час.

Терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти е поместен за еден час и е дозволен од 19:00 до 22:00 часот.

Слични содржини