Без ЛШ, нема Роналдо

од Stefanija Kuzmanovska

Андреа Пирло се чини дека преживеа. Доколку им се верува на извештаите што доаѓаат од Апенините, младиот стручњак утрово разговарал со челниците на Јувентус и било договорено тој да остане на клупата до крајот на сезоната. Да потсетиме, се зборуваше дека Игор Тудор би можел да го заземе местото на Пирло веќе во среда, но очигледно е дека смената ќе почека уште неколку недели.

На крајот на краиштата, тешко е да се очекува дека Пирло би можел да остане, дури и ако ја обезбеди Лигата на шампионите, во што многумина се сомневаат по поразот од Милан. На крајот, „Старата дама“ повеќе не се прашува за ништо, бидејќи се лизна на петтата позиција. Дури и да победи на последните три натпревари, ќе и требаат неколку грешки во Наполи …

И без ЛШ, нема Кристијано Роналдо – подвлекуваат италијанските колеги.

Како што се наведува, Јуве ќе остане без значителни примања доколку не влезе во елитното натпреварување, а во тој случај нема да може да ја финансира платата на Роналдо, која изнесува 32.000.000 евра на нето ниво. Јасно, самиот Португалец се прашува нешто. Звучи прилично неверојатно дека Кристијано не е во Лигата на шампионите следната сезона. Секако, тој не би имал желба да остане и да игра во Лигата на Европа, поради што веќе стапи во контакт со неговиот менаџер Жорже Мендеш.

Сепак, еден од најпознатите светски агенти моментално не успева да најде клуб за Роналдо кој ќе му обезбеди сличен приход како во Торино, пишуваат Италијанците.

Слични содржини