Без струја утре делови од Карпош, Петровец и Центар

од Vladimir Zorba

Без струја утре ќе бидат делови од општините Карпош, Петровец и Центар, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

– Во периодот од 08:15 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница во општина Петровец. Од девет до 11 часот, корисниците на дел од улицата „Стогово“ во општина Карпош. Од девет до 15 часот, корисниците од улицата „Питу Гули“ број 35, 37 и 39 во општина Центар, пишува во соопштението на РЦУК – Скопје.

Слични содржини