Безбедно евакуирани петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека петмина турски државјани, откако се изгубиле на Водно, се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје.

-По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку „вибер“, согласно потребите, се посочува во соопштението од ЦУК.

Во 18:10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски Крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, се земени со возило на полицијата и безбедно се евакуирани кон градот.

Слични содржини