Бил Гејтс стана најголемиот земјопоседник во Америка

од Stefanija Kuzmanovska

Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек во светот, купи 97.000 хектари земјоделско земјиште низ Соединетите држави, што го прави најголем приватен сопственик на земјиште во Америка.

По повеќегодишни извештаи дека Гејтс купил земјоделско земјиште во државите Флорида и Вашингтон, „Land Report“ откри дека Гејтс, чие богатство се проценува на 121 милијарда долари, купил земјоделско земјиште во 18 американски држави, пренесува „Форбс“.

Од 97.000 хектари, Бил Гејтс има најмногу земјиште во Луизијана (нешто помалку од 28.000 хектари), Арканзас (19.000 хектари) и Небраска (8.300 хектари). Покрај тоа, тој има удел во 10.000 хектари земја на западната страна од Феникс, Аризона, што се претвора од земјоделско во градежно и каде се појавува ново предградие на тој град.

Според истражувањето на американскиот весник, Гејтс ја поседува земјата директно, но и преку фондот „Каскад Инвест“.

Слични содржини