Билчик: Неуспехот на Западен Балкан не е опција за ЕУ

од Nikola Popovski

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека неуспехот на ЕУ на Западен Балкан не е опција и ја истакна јасната порака на Урсула фон дер Лајен дека ангажманот и инвестирањето на ЕУ во европската иднина на Западен Балкан.

Инвестицијата во иднината на ЕУ, рече тој, треба да одекнува не само во регионот како охрабрување и посветеност, туку и низ 27-те земји -членки на ЕУ.

Тој посочи дека земјите -членки се оние кои со својата политичка определба и ангажман ги држат клучевите за проширување и пристапување на земјите од Западен Балкан.

Веднаш по говорот на претседателот на ЕК за состојбата во ЕУ, Билчик рече дека и Западен Балкан и ЕУ имаат многу работа, и дека неуспехот не е опција.

– Зборовите на Урсула фон дер Лејен се охрабрувачки. Не смееме да го изневериме нашето ветување за европската перспектива на Западен Балкан дадена пред 20 години. Ако ЕУ треба да игра важна улога на глобално ниво, тогаш не смее да пропадне во непосредната околина, а тоа треба да биде клучна задача за Европската служба за надворешна политика, вели Билчик.

Тој нагласи дека Западен Балкан има многу ангажирани пријатели во Европскиот парламент и ги повика сите други институции на ЕУ, особено националните власти на земјите-членки, да се приклучат кон таа поддршка.

Слични содржини