Битиќи: За секоја сметка за струја што граѓаните ја плаќаат од 1000 денари, државата плаќа дополнителни 800 денари

од Stefanija Kuzmanovska

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Интервју во ШЕЊА“ изјави дека и покрај сите шпекулации, а можеби и желбите на опозициските партии, граѓаните да немаат струја во текот на 2022 година, дека ќе има рестрикции за струја, да немаме струја во 2023 година, струјата да биде 70 отсто повисока, се случи спротивното.

„Ние како Влада престанавме да шпекулираме, опозицијата има право да шпекулира, нашите граѓани, нашите сограѓани имаат струја. Нашите граѓани ниту за момент не останаа без струја, освен мрежните проблеми кои може да настанат. Поскапувањето според опозицијата требаше да биде 70%-90%, поскапувањето беше во просек 7%, последниот пат го спуштивме за различни категории. Поставивме блок тарифи, ги заштитивме оние кои трошат и кои со тешкотии плаќаат струја, заштитивме 97 отсто од потрошувачите кои се наоѓаат во блок тарифи 1 и 3 при што не добија покачување на струјата“, рече Битиќи.

Тој додаде дека можеби на граѓаните се уште не им е јасно дека за секоја сметка што ја плаќаат од 1000 денари, државата плаќа дополнителни 800 денари, и тоа за секое домаќинство.

Слични содржини