Битиќи: Замрзнувањето на цените е штетно и не можете да го држите подолг период

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи синоќа најави дека Владата ќе преземе нов пакет мерки во однос на цените на основните прехранбени производи, кои се издржливи и подолгорочни.

-Не можете да ја замрзните цената и да ја држите две години. Никако, не е возможно. Имаме веќе донесена одлука – одлуката за замрзнување на маржите на добивка е на сила веќе три месеци. И млечните и житните производи се дел од тоа, појасни Битиќи.

Вицепремиерот е категоричен дека замрзнување на цените е штетно и не можете да го држите подолг период.

-Затоа гледаме на компаниите да им помогнеме за да ја намалат производната цена, за да нема понатамошен импакт. Енергетскиот додаток да се дава за сите ранливи категории, дополнително креиравме мерка за дополнителен енергетски додадок. МТСП утре на владина седница ќе дојде со акциониот план, со кој 2,4 милијарди денари ќе се поделат за ранливите категории на граѓани до крајот на годината, рече меѓу другото Битиќи во емисијата „24 анализа“ потенцирајќи што е преземено од Владата за справување со економската криза.

Слични содржини