Битолчанец шетал гол низ зграда и ги вознемирил станарите

од Nikola Popovski

СВР Битола поднесе кривична пријава против 34-годишниот И.Г., кој минатата недела излегол без облека во ходникот од зградата во која што живее и ги вознемирувал станарите.

-На 08.11.2023, тој излегол без облека во ходник од зграда во Битола во која живеел и ги вознемирил станарите, соопшти МВР.

Лицето извршило кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

Слични содржини