Блик: 30 проценти од косовските граѓани не веруваат дека короната постои

од Stefanija Kuzmanovska

Швајцарските власти се загрижени поради тешката епидемиолошка состојба на Косово, каде 50% од тестираните се позитивни на коронавирусот, пишува швајцарскиот весник „Блик“.

За Швајцарија, негативниот развој на ситуацијата во Косово за време на летните одмори е многу проблематичен, со оглед дека дури четвртина од актуелните нови инфекции во таа земја се „увезени“.

Покрај тоа, Блик наведува дека повратниците од одморите на Косово честопати не се придржуваат кон задолжителниот десетдневен карантин.

Весникот наведува дека во последните три дена, бројот на позитивни на тестирање на Косово е над 50 проценти, додека во Швајцарија е околу еден процент.

Тоа, пишува Блик, значи премногу малку се тестира на Косово, поточно се вршат 200 до 400 тестови дневно, додека во Швајцарија се изведуваат околу 15.000.

Блик коментира дека властите во Приштина не само што се борат против вирусот со воведување мерки, туку и против сопственото население, земајќи предвид дека, како што наведува весникот, 30% од граѓаните воопшто не веруваат во постоењето на Ковид-19.

Слични содржини