Блумберг предупредува на можност за крвав конфликт, светот има ново жариште

од Milan1

Мигрантската криза на границата меѓу Белорусија и Полска може да резултира со вооружен конфликт во кој ќе биде вмешана Русија, пишува Андреас Клут во својата колумна за „Блумберг“.

Според него, Минск и Москва можат да започнат ескалација на конфликтот.

– Белоруските и полските војници на границата веќе испукаа предупредувачки истрели, очигледно празни. Сепак, само еден куршум, случајно или намерно испукан, да погоди некого, во оваа напната ситуација може да предизвика рафален оган, смета Клут.

Тој верува дека, по размената на оган меѓу белоруските и полските граничари, тие ќе побараат помош од своите сојузници.
– Белорусија формално ќе повика засилување од Русија, а Полска ќе ги искористи договорените обврски од НАТО, претпоставува авторот на текстот.

Кнут заклучи дека САД, НАТО, ЕУ и нивните партнери треба да ја убедат Русија да не го „подига влогот“.

Мигрантската криза на границата на Белорусија со Летонија, Литванија и Полска, каде што мигрантите се упатуваат од почетокот на годинава, се засили на 8 ноември. Неколку илјади мигранти стигнаа до белоруско-полската граница и не ја напуштаат граничната зона. Некои од нив се обиделе да влезат во Полска кршејќи ја оградата од бодликава жица. Земјите од Европската унија го обвинуваат Минск за намерно ескалирање на кризата и повикуваат на санкции.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека за ваквата состојба се виновни самите западни земји поради чии постапки луѓето бегаат од војната.

Слични содржини