Бочварски: Не одиме во ЕУ поради Париз и Брисел, туку поради Скопје, Штип, поради Битола, Кавадарци, Кочани….

од Radmila Tasevska

„Пред пристигнувањето тука, заедно со вицепремиерот ја посетивме спомен куќата на визионерот за европска Македонија, Глигоров. Во раните 90-ти тој говореше дека македонскиот народ како мирољубив народ сака да живее во мир, пријателство, полна соработка со соседите и интегриран во сите меѓународни институции“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на трибината „Ние сме Европа“ во Штип.

Тој додаде дека Глигоров ги псотави темелите на европска Македонија, а ние сме должни да продолжиме да работиме на неговата визија и на неговиот аманет за полноправно членство во Европското семејство.

„И да бидеме на чисто, не одиме таму поради Париз и Брисел, не поради Виена и Берлин, туку поради Скопје, Штип, поради Битола, Кавадарци, Кочани….поради нашите граѓани, сакаме тие да живеат подобро, да живеат овде во македонските градови и села“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека три децении подоцна Македонија е членка на НАТО, безбедна држава, членка на сите меѓународни институции и со започнати преговори со ЕУ, со силни инвестиции за развој на инфраструктурата.

Слични содржини