Бочварски: Платформите и монтажните објекти не се легализираат со Законот за дивоградби

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски смета дека предлог-законот за легализација на дивоградбите е законско решение, кое е уште повеќе затегнато во однос на претходните закони.

-Ова е исчекор кон решавање проблем на голем број граѓани. Оние што ќе тргнат против овој закон ќе плаќаат поголеми пенали. Водевме голема грижа за животната средина, вели Бочварски во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека платформите и монтажните градби не се легализираат со овој закон.

Бочварски додава дека националните паркови се изземени со овој закон.

-Ги заштитуваме сите позиции кои се важни за природата. Значи се работи само за постоечки објекти. Ова не е стимулирање, туку казнување на тие што граделе бесправно. Не е фер 50-60 илјади имоти на граѓани да не ги третираме како објекти, вели Бочварски.

Слични содржини