Бочварски: Подготвени сме да ја исклучиме легализацијата во заштитени подрачја

од Берта Китинска

Предлог- законот за легализација на бесправно изградените објекти треба да се повлече, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се пристапи кон изработка на соодветно законско решение,велат повеќето учесници на денешната јавна дебата организирана од Антикорупциската комисија.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека се подготвени како предлагачи на законот да прифатат дел од забелешките, меѓу кои и да се исклучи легализацијата во заштитени подрачја.

„Исто така, ќе се исклучат и објектите кои се втор дом или викендици, односно не се водат како адреса на живеење според лична карта, со што сакаме да покажеме дека не легализираме луксуз. Исто така, има размислувања објектите кои се над 80 или 100 квадратни метри да не можат да се легализираат бидејќи тогаш тие домови не се социјална категорија. Целосно сме свесни дека овој закон не треба да се повторува. Но, со тоа што не легализираме по едно евра туку по цената на комуналии плус 50 отсто казна, сакаме да порачаме дека не се исплати да се гради на диво“, рече Бочварски.

Слични содржини