Бочварски: Проектор за гасификација веќе е реализиран со над 90 проценти прогрес

од Берта Китинска

Очекуваме, наредната година да може да продолжиме со нормален тек. И оваа година капиталните инвестиции се движеа без одреден застој. Се она кое имаше добар тек и развој се реализираше и останаа средства да се реализираат тие проекти. Не правевме кратење на проектите каде имаше добра реализација и така ќе биде наредната година, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 анализа.

Министерот за транспорт и врски вели дека  гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово, преку Штип до Неготино, Прилеп и Битола, веќе е реализиран со над 90 проценти прогрес и реализација, а кракот магистралата од Скопје преку Тетово и Гостивар веќе има реализација над 65 проценти. Паралелно, нагласи тој, се работи на поврзување на проекти со Косово и Грција.

Тој говореше и за капиталните инвестиции. Владата, рече, со ребалансот 470 милиони евра директно насочи кон граѓаните за да се големи економската активност.

Слични содржини