Богоев: Оптимист сум дека ќе имаме поддршка за уставните измени

од Stefanija Kuzmanovska

Да оставиме да почне седницата, нека почне дискусијата. Јас сум оптимист дека ќе наидеме на поддршка. Времето ќе покаже дали тоа што го зборува опозицијата, дека пратеници од власта нема да гласаат или тоа што зборуваме ние, дека ќе имаме поддршка е вистина. Не треба да лицитираме со бројки дали 5-7-10 пратеници ќе гласаат за или еден или двајца против. Сите 120 пратеници треба да сфатат дека не може да имаме подобар договор и подобра преговарачка рамка, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев на ТВ24.

Тој додаде дека нема веќе време за губење и дека сега е шансата да ги отвориме поглавјата сите заедно, да засукаме ракава и да ја оствариме целта до 2030 Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

„Целта е амбициозна, но ако работиме заедно не е недостигжна. Од друга страна, изолацијата ќе значи бугаризација. Бугаризација е да одиш по градовите во Бугарија и да потпишуваш изјава дека се чувствуваш како бугарин за да добиеш бугарски пасош“, порача Богоев.

Потпретседателот на СДСМ додаде дека доколку не се изгласаат уставните измени следува период на изолација на земјата и рушење на иднината на граѓаните кои се надеваат на подобар стандард и живот како членка на ЕУ.

Слични содржини