Богоев: Сите процеси со царинење на стоките ќе се завршуваат под еден покрив, што за бизнис заедницата значи заштеда на време и средства

од Nikola Popovski

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев смета дека за забрзување на трговијата и транспортот, како една од клучните политики за забрзана економска интеграција, од голема важност е имплементацијата на новиот национален едношалтерски систем што ќе овозможи извршување на сите процеси за царинење од едно место.

Тој во интервју за „Извоз.мк“ посочува дека технолошкиот напредок бара постојано унапредување како и воспоставување нови ИТ системи коишто ќе овозможат забрзување на транспортот.

Во таа насока се и барањата од Европска унија за воведување на ИТ системи според најновите европски спецификации, за кои пак исто така е потребно усогласување на законодавство за да се овозможи примена на тие системи во пракса.

-Овде би сакал особено да ги истакнам заложбите на Царинската управа во спроведување на Проектот за воспоставување на нов Национален едношалтерски систем, кој ќе функционира како нов граничен бизнис хаб за одвивање на целиот увоз, извоз и транзит на едно место. Ова значи дека сите процеси поврзани со царинење на стоките ќе се завршуваат под еден покрив, што за бизнис заедницата значи заштеда на време и средства, истакна Богоев во интервјуто.

Слични содржини