Богоевски: Мицкоски треба да објаснува како успеа изборната победа за една недела да ја претвори во политички пораз

од Nikola Popovski

Заев, во услови на изборен пораз и најавена оставка, пречекан со громогласен аплауз од страна на ЦО на СДСМ. Мицкоски сега треба да се објаснува како успеа изборната победа за една недела да ја претвори во политички пораз, вака поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски ја коментираше ситуацијата пред и по состанокот на највисоките органи на владеачката партија.

Според него, тоа е разликата помеѓу политика и политиканство, односно помеѓу одговорност и опортунизам.

-Се разбира дека не треба да поднесе оставка пред да му го пукне (не)мнозинскиот балон на Мицкоски на гласањето во Сабота и пред да се осигура дека мнозинството би било стабилно и по него. Потоа, одлуката (и одговорноста) си е негова и само негова, наведува Богоевски.

Слични содржини