Богоевски: Очекувам Пендаровски да се врати од Париз со информации кои ќе ја засилат довербата на патот кон ЕУ

од Hristina Nikolovska

-Станува збор за средба на маргините на еден самит, не е директна официјална посета на Франција.Точно е дека Пендаровски ќе има прилика директно од Макрон да ги слушне ставовите за датумот за почеток на преговори со ЕУ. – рече Сафет Бишевац вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 во пресрет на утрешната средба Пендаровски – Макрон во Елисејската палата.

Бишевац рече дека претседателот ќе има прилика да слушне што се плановите околу итното проширување или стратегијата на ЕУ, како што рече, ако воопшто постои таква.

-Добро е што за прв пат еден македонски политичар „ја спушти топката“ и не излезе со ветувањата дека се ќе биде средено што е одлика на еден современ политичар.- рече Бишевац.

Тој потенцираше дека Франција во последните 200 години има сериозни геостратешки влијанија во регионот, но истакна дека пропуст на Пендаровски било што не присуствувал на погребот на Жак Ширак. Со оваа негова констатација не се согласи поранешниот пратеник Павле Богоевски.

-Очекувам претседателот од Франција да се врати со конкретни информации за околностите кои доведоа до блокада и со информации кои ќе ја засилат довербата на патот кон ЕУ и НАТО. – рече Богоевски.

Слични содржини