Богоевски: Стратегијата за бојкот на пописот ќе беше штетна и за Албанците и за Македонците

од Nikola Popovski

„Стратегијата за бојкот ќе беше многу штетна и за Македонците и за Албанците. Ако се продолжеше така, како што правеа одредени партии ќе имаше проблем со легитимноста на целиот процес“, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски за емисијата „24 анализа“.

Тој се надева дека со ова одложување, сите тие резерви се ставени на страна.

„Важно е граѓаните да веруваат во резултатите на на тој попис, за да имаме релевантни бројки за гррадење на вкупните политики во земјата“, истакна Богоевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не знае кога ќе бидат усвоени измените на Законот за попис за негово одложување, а кажа и дека ги вратил предложените измени во Владата, која е предлагач, поради формални грешки.

„Од формален аспект ги вратив до предлагачите. Се надевам дека во текот на денот ќе ги вратат со исправки и дополни со кои треба да бидат уредени предлозите и соодветно да се пуштат во соодветна парламентарна процедура“, кажа Џафери на прес-конференција во Собранието.

Слични содржини