Богојески: ДУИ промовира етнички клуч, Македонски концепт се залага за сите националности

од Nikola Popovski

„Премиер Албанец може да биде и од Македонски концепт, може и да го предложиме до крајот на кампањата. Јас никогаш не кажав дека има апсолутно загарантирани места само за Македонците“, изјави Петар Богојески од Македонски концепт на телевизиската дебата на ТВ 21.

„Напротив ДУИ надвор од целиот разум промовира етнички клуч за промовирање на функционери почнувајќи од премиерот. Настрана од етничкиот клуч, за нас се отворени сите позиции за сите националности. Во таа смислам би апелирал да се вратите малку на граѓаните, на кои мислевте на почетокот кога немавте ваква кампања“, му се обрати Богојески на Изет Меџити од ДУИ.

Слични содржини