Богојески: „Има ли дијагноза за бугарскиве политичари?!? Јас по ниско ниво на однесување не сум сретнал на планетава

Во пресрет на вчерашната изјава на бугарскиот министер за правда и вицепремиер, Красимир Каракачнов, и денешната на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, се огласи и лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.
Имено, тој посочува дека ова ги минува сите граници, па испрати порака до бугарските политичари, кои за потсетување, се наоѓаат во предизборие.
„Има ли дијагноза за бугарскиве политичари?!?
Јас по ниско ниво на однесување не сум сретнал на планетава… а сум сретнал политичари од Канада и Чиле до Кина и Австралија!
Овие никако да разберат дека Македонија е независна и суверена држава и ќе прави што сака, во рамки на меѓународно преземените обрски! Нели разбраа бугарскиве политиканти дека вакви изјави, по три пати на ден, се дирекно мешање во внатрешни работи на Македонија?!? Дали им е целта да испровоцираат македонска реакција за да се прават жртви пред ЕУ?!? Не си мачете душата, македонските политичари се непотентни и не знаат да ве отераат упм!
Најсмешно е кога БГ зборува за врски со Русија!
Половина БГ партии и служат на Русија, вклучително и претседателот Радев не сакаа да осудат незаконско малтретирање на рускиот народ (случај Навални), “евродепутатите” од БСП не осудија во ЕП, НАТО им фатија десетици агенти на ГРУ во Софија, имаат руска партија во БГ, ВМРО БНД на штаб во Варна го имаше руско знаме со години, а тие зборуваат за руски врски на МК?!?
Тие ни го наметнаа најголемиот преварант за конзул во МК, учествуваа во државен пуч во земјава, шиткаат бугарски пасоши како ченгии по македонски пазари, во длабока љубов се со сите удбаши и разноразни бугараши, финансираат антидржавни здруженија и партии во земјава, ги собраа сите уличари и бандити да бугаризирале (будители ќе биле), форсираат антимакедонски портали со српски пари, сите македонски активисти кои поткрепуваат мак – буг пријателство ги прогласија за српски платеници, проектот “Јазиците на Македонија” на Мак концепт го прогласија за антибугарски зашто предвидувал изучување на бугарски јазик во МК посебно од македонски јазик, за сега да го бараат истото… и крива им била Македонија?!?
Добро, до толку не разбирате дека Србиве си прават мајтап со вас?!?
Време е да се соземите и да си преземете одговорност за обид за уништување на македонската држава и нејзино туркање кон антиНАТО земји и спречување на проширувањето на ЕУ на Балканот!!!
Време е за одговорност во Бугарија!!!“, се вели во фејсбук објавата на Богојески.

Слични содржини