Доколку во политичките договарања не се постигне консензус за мој избор има и други квалитетни кандидати за гувернер, изјави  Димитар Богов, откако деновиве стана неизвесно дали тој ќе го добие потребното мнозинство гласови во Собранието за уште еден мандат. Богов вели дека за него е голема чест  што Иванов има доверба и повторно го предложил, но смета дека треба да се има отворен ум за сите можни комбинации, кои во секој случај треба да завршат со избор на гувернер.

„Сите што велат дека Народната банка може без гувернер или не се добро информирани или многу добро знаат во што ја впуштат македонската економија“, вели Димитар Богов – гувернер на НБРМ

Владата е воздржана во коментарите за изборот на гувернер, пренесува 24 вести.

Слични содржини