Боки 13: Мојот лик и дело не се така црни, сум придонел за општо добро на ова општество

од Берта Китинска

Бојан Јовановски- Боки 13 на денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз” во своите завршни зборови, се обиде да докаже дека тој трошел свои пари кои чесно ги заработувал.

-Јас сум дете кое потекнува од нормално ситуирано семејство и ние никогаш не сме биле без пари. Гледате, доаѓам од затвор, па пак сум скоцкан. Сум работел од 14 години.Ама ете, сега некој ми го зема тоа за зло, вели Боки 13.

Јовановски побара од судот да донесе ослободителна пресуда за него.

-Судот да донесе ослободителна пресуда за мене за обвинението и апелирам и го молам судот на законита пресуда бидејќи не треба да се суди мојот лик и дело, туку доказите. А и мојот лик и дело не се така црни и погледнете ја и мојата добра страна, бидејќи сум придонел за општо добро на ова општество. Комплетно се чувствувам невин, кажа Јовановски.

Тој во својот говор кажа дека поранешниот премиер Заев дал поддршка на неговиот проект бидејќи тој лично му го презентирал проектот и ветил дека ќе се формира специјална комисија за проекти кои се за добро на државата.

Јовановски, како доказ за поддршката на центрланата власт, наведе и дека бил потпишан меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски.

Обвинетиот посочи и дека двајцата бизнисмени имале поинтензивна комуникација со власта на СДСМ отколку тој лично, па лесно можеле да дојдат во информации дека се измамени.

Пресудата за овој случај е закажана за 7 април.

Слични содржини