Боки 13 не сакал да го прими извештајот од УЈП, поднел оставка од Меѓународниот сојуз

од Vladimir Zorba

Бојан Јовановски – Боки 13 одбил да го прими извештајот од Управата за јавни приходи за пронајдените нелегалности во Меѓународниот сојуз, со образложение дека тој од притворското одделение во затворот во Шутка дал неотповиклива оставка од претседателското место во невладината организација. Од УЈП пак, потврдуваат дека се работи за периодот додека тој бил претседател на Меѓунардониот сојуз.

Даночното затајување кое до сега го открила Управата е над 20 милиони денари, а се работи за невладината Меѓународен сојуз и фирмите Томато продукција и БМЈ Медија Груп. Трите субјекти не плаќале данок на добивка, персонален данок и ДДВ.

Управата за јавни приходи најави дека по целосното завршување на постапката, ќе бидат поднесени кривични пријави, како за фирмите, така и за раководителите на фирмите. Од таму најавија дека ќе извршат контрола на уште една фирма поврзана со Томато, БМЈ Медија Груп и Меѓународниот сојуз, како и дека лице, кое не многу познато во македонската јавност се пријавило да ги преземе фирмите и нивните долгови.

Слични содржини