Борбата против корупцијата е приоритет за Вашингтон, порача Агелер

од Nikola Popovski

Шоле е многу посветен на стабилноста и сигурноста на Западниот Балкан. Тој со нетрпение го очекува ова патување. Се има сретнато со министерот Османи и има план да ги реафирмира дискусиите кои претходно ги имаа во Њујорк за да се дискутира за заедничките приоритети. Борбата против корупцијата ќе остане приоритетот за Вашингтон, рече денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер за најавената посета на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, закажана за во среда.

Таа истакна дека Шоле ќе покрене неколку прашања за време на неговата посета.

-Исто така, му честитав и на министерот (Бујар Османи н.з.) и на земјава што ги преземате овие многу важни претседателства ќе биде една многу важна година и тој ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за вашата земја на секој можен начин, кажа Агелер како одговор на новинарско прашање.

На почетокот на декември 2022 година, Шоле планираше да ги посети Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Белгија.

Таа посета беше откажана бидејќи, како што беше соопштено, американскиот дипломат бил заразен со коронавирусот.

Стејт департментот сега објави дека Шоле ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Северна Македонија, Србија и Косово.

Слични содржини