Борел најави нови санкции врз Русија поради референдумот

од Nikola Popovski

Европската унија и се заканува на Русија со нови санкции во случај на одржување референдум во народните републики Доњецк и Луганск, како и во регионите Херсон и Запорожје, се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Русија, нејзиното политичко раководство и сите оние кои се вклучени во овие „референдумите“ и други прекршувања на меѓународното право во Украина ќе сносат одговорност и ќе бидат разгледани дополнителни рестриктивни мерки против Русија“, се вели во соопштението.

Борел истакна дека референдумите не можат да се сметаат за слободно изразување на волјата на народот во овие региони, пренесува Ројтерс.

Слични содржини