Борел: Не може да се дозволи на Израел да го блокира создавањето на палестинска држава

од Vladimir Zorba

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска во Брисел изјави дека не може да се дозволи на Израел еднострано да го блокира создавањето на палестинска држава по војната во Појасот Газа.

„Едно е јасно – Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ“, рече Борел на прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри.

Борел истакна дека Обединетите нации многупати го признаваат и го признале правото на самоопределување на палестинскиот народ и дека затоа никој не може да стави вето, пишува „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини