Борисов: Ќе испратиме 5000 вакцини за С. Македонија

од Nikola Popovski

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најавил дека следната недела неговата земја ќе добие над 200.000 вакцини.

„Од тие ќе понудиме да испратиме 5.000 вакцини за Република Северна Македонија, како вистински пријателски гест за здравјето на луѓето. Исто така убеден сум дека во април ќе имаме повеќе од милион вакцини“, додал Борисов, во изјава за бугарските медиуми.

Борисов во декември на владината седница во Софија, на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче, рече дека од секоја пратка на вакцини кои ќе стигнуваат во Бугарија, ќе се одвојуваат и за Северна Македонија. Сепак, од тогаш се уште нема пристигнато ниедна вакцина од нашиот источен сосед.

Слични содржини