Борисов со смирувачки тонови: „Бугарија е подготвена за дијалог и разбирање за решавање на спорот“

од Nikola Popovski

„Токму за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, нашата земја се најде високо на агендата на ЕУ за европската иднина на Западен Балкан“, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов на видеоконференциска средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и Швајцарската конфедерација.

Според него, Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа треба да го сакаат и да биде направено од обете страни.

 

Намираме се в сериозна ситуация на задълбочаваща се социална и икономическа криза в следствие на пандемията. Трябва…

Posted by Boyko Borissov on Monday, November 23, 2020

На видеоконференциската средба, Борисов зборувал за ковид-пандемијата.

„Се наоѓаме во сериозна ситуација на продлабочување на социјалната и економската криза како резултат на пандемијата Ковид-19. Затоа мора да дејствуваме брзо со одобрување на следниот буџет на ЕУ за 2021-2027 година и Пакетот за економско закрепнување, кои се клучни алатки за надминување на последиците од сите земји-членки и европската економија како целина“, соопштил бугарскиот премиер.

Унгарија и Полска го блокираат нацрт-буџетот на Унијата за 2021-2027 година во износ од 1,07 трилион евра, во знак на протест против одлуката за формирање механизам за следење на усогласеноста со владеењето на правото во земјите од Унијата во 2021 година, со што буџетските средства ќе се распределуваат врз основа на резултатите од ова набљудување.

Слични содржини